Македонија
1. September 2022 - 14:20

Општина Тетово донираше чанти и училишен прибор за учениците од шарпланинските села

По повод почетокот на новата учебна година градоначалникот на Тетово Билал Касами посети неколку основни и средни училишта во рамки на општината. На ниво на Општина Тетово како првачиња своето образование го започнаа 1033 ученици.

Тој им посака успешен почеток на учениците во основните училишта „Дрита“ во Лисец, „Истигбал“ во Тетово, „Наим Фрашери“ во Голема Речица, како и во гимназијата „7-ми Март“

– Во подшарпланинското село Лисец, во ОУ „Дрита“да ги посетиме и да им го честитаме на сите ученици и наставници од ова училиште почетокот на учебвната година. Како општина Тетово дониравме бесплатни чанти и училишен прибор на учениците од прво оделение во ова училиште, акција која ќе се реализира и во сите останати подшарпланински села. Нема ништо подобро и поубаво од тоа да го започнеме денот со среќата на нашите деца. Нека оваа нова учебна година биде бериќетна за сите, порача Касами.

Градоначалникот истакна дека во пресрет на почетокот на новата учебна година, Општина Тетово се погрижи да создаде најдобри можни услови за учениците и наставниците во сите основни и средни училишта.

-Презадоволен сум од подготвителните активности кои предвидуваа реконструкција на училиштата, како што се: фасада и боење на О.О.У „Ѓ.К. Скендербег“- во Џепчиште и О.О.У „Кирил и Методиј“ во Тетово, асфалтирање на спортскиот стадион во О.О.У. „Прпарими“- во Голема Речица, реновирање на подовите во централното училиште во село Порој, прилагодување на лифтот за учениците со посебни потреби во О.О.У. „Лирија“ во Тетово.  Ние како општина Тетово и јас како нејзин градоначалник, ветуваме дека со целосна посветеност секогаш ќе даваме поддршка на учениците и наставниот кадар. Развојот на образованието одсекогаш бил и останува наш приоритет, порача Касами.