Општина Струмица ќе испрати милион денари за помош на настраданите од поплавите
Советот на општина Струмица на денешната вонредна седница донесе одлука за доделување помош на настраданите од поплавите во Скопскиот регион во висина од еден милион денари од буџетот на Општината. Седницата почна со едноминутно молчење во знак на почит на настраданите, а одлуката за помош беше едногласно усвоена.
- Најпрво да изразам сочувство до семејствата на настраданите од поплавите. Исто така, ја користам можноста да кажам дека механизација и луѓе се испратени во подрачјата кои што беа зафатени од поплавите од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица за да учествуваат во чистењето на улиците и запушените канализациони и водоводни цевки, рече претседателот на Советот, Јосиф Христоф.
Од Општината преку писмена информација соопштија дека уште во раните утрински часови околу стотина луѓе и специјални возила од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица заминаа за поплавените подрачја.
Настаните на Струмица опен фестивал од вчера се прекинати, а бината е пункт за донации на храна, вода, облека и друга помош за семејствата кои се зафатени од водената стихија.
Од Општината информираа дека денеска градоначалникот на Струмица, Зоран Заев ќе ги посети поплавените.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица