Општина Струмица и УНДП ја продлабочуваат соработката
За досегашната соработка, позитивните резултати од веќе реализираните проекти и за можностите од продлабочување на односите денеска разговараа вршителот на должност градоначалник на Струмица Костадин Костадинов и постојаниот претставник на УНДП и координатор на ОН во Македонија Луиза Винтон.
Како што беше речено, досега со финансиска помош на УНДП се реализирани голем број проекти, меѓу кои и ангажирањето лични асистенти за децата со посебни потреби.
- Ангажирање лични асистенти за лицата со посебни потреби кои се во редовен образовен процес, пријателски библиотеки за сите граѓани, реконструкција на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, помош при вработување млади и невработени лица, се само дел од проектите, рече Костадинов, изразувајќи благодарност за соработката, но и очекување идни проекти кои, како што нагласи, би биле од суштинско значење за граѓаните.
Одличната соработка меѓу УНДП и Општина Струмица ја потенцираше Винтон.
- Струмица и УНДП работат на сите области на кои УНДП работи во државата, почнувајќи од заштитата на животната средина, социјалната вклученост и доброто управување. Соработката веќе дава резултати во заштитата на животната средина, на водите на реката Струмица и во заштитата од поплавите на регионот и во иднина ќе работиме заедно да им помогнеме на фармерите да воведат поодржливи мерки на производство, рече Винтон.
И од УНДП очекуваат заедно со Општината да продолжат со проектот во Бања Банско за да им овозможат на лицата со посебни потреби подобро вклучување во животот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213