Македонија
12. November 2020 - 15:44

Општина Струмица даде еден милион денари од новогодишното украсување за помош на болницата

Советот на Општина Струмица на денешната седница, по предлог на градоначалникот Коста Јаневски, донесе одлука да даде еден милион милион денари на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица за помош против пандемијата од КОВИД-19.

Средствата се од ставката за новогодишно украсување на градот, а Советот едногласно го прифати предлогот на градоначалникот.

На денешната седница Советот за нов командир на Полициската станица од општа надлежност го избра Тони Божиков.

Советниците донесоа одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња, а разгледа и усвоија повеќе извештати и програма за работа на институции кои се под надлежност на локалната самоуправа.