Македонија
13. August 2019 - 16:26

Општина Струга утре ќе одлучува по препораките од УНЕСКО

Утре ќе се знае Дали по Охрид и Струга ќе воведе мораториум на градежните активности. Пред струшките советници ќе биде презентиран акцискиот план кој предвидува мерки за спроведување на препораките на Унеско. Покрај времен прекин на донесување и спроведување на урбанистичките планови и постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти во него опфатени се најгорливите проблеми со  кои изминативе години се соочуваше градот а тоа е целосно затворање на градската депонија до средината на 2020 ,враќање во првобитна состојба на нелегално изградените плажи на потегот од Струга до Калишта во заштитениот појас и постојан надзор заради спречување на уништување и палење на трската. Добрите познавачи сметаат дека мора да се стори се за да се зачува регионот, сите оние градби кои негативно влијаат врз животната средина треба да се рушат.

Талески од еколошката иницијатива Охрид СОС вели дека брендот Охрид и охридското езеро заштени под Унеско треба да се зачуваат и промовираат.

Инаку за  разлика од Охрид, Струга сеуште нема изготвено регистар на нелегално изградени објекти од таму тврдат дека бројот на дивоградби е многу мал , во акцискиот план стои дека до октомври оваа година треба да се изготви детален попис со утврдување на вкупен број на сите постоечки бесправни градби.