Општина Штип објави оглас за продажба на градежно земјиште
Општина Штип денеска објави оглас за продажба на градежно земјиште за изградба на хотели, станбени згради, индивидуални куќи, деловни објекти и за Дом за стари лица.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција информира дека на продажба се понудени 26 парцели, од кои 13 за домување или за станбени згради, три за хотели, три за бензински пумпи, една гаража, една парцела за групно домување, односно за Дом за стари лица, една парцела за објект за станбени куќи, една за спорт и рекреација, едена за лесна незагадувачка индустрија и две за мали деловни објекти.
- Што се днесува до локациите, две од парцелите за хотели се во реонот на бања Кежовиа, еден кај градскиот базен, таму е и локацијата за гаража и за спорт и рекреација.Што се однесува до станбените згради тие се на повеќе локации, во Сењак, Баби, Македонка, деловните се во Туртел, локациите за бензиски пумпи се во Криви Дол и Драгоево а во населбата Баби е локацијата за Дом за стари лица односно за групно домување, рече Ристов.
Заинтересираните инвеститори и граѓани можат да достават апликации до 30 март, а јавното наддавање ќе се спроведе на 1 април 2016 година. Огласот е објавен во дневните весници, може да се симне и од веб страницата на Општина Штип со сите услови за аплицирање за учество во јавното наддавање.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода