Бизнис
28. December 2016 - 19:54

Општина Штип го усвои Буџетот за 2017

Советот на општина Штип на својата последна седница за тековната година го усвои буџетото за 2017-та. Вкупниот буџет на општината со блок дотациите ќе изнесува 946 милиони денари или 15, 4 милиони евра, а основниот 507 милиони денари или близу 9 милиони евра.

- Вкупниот буџет бележи покажување од 1,5 % во однос на претходниот буџет, додека основниот буџет ќе биде со 5 % зголемен. Секако и во овој буџет најголем удел имаат капиталните инвестиции и тоа со учество од 43%, така да можеме да кажеме дека и оваа година главната карактеристика на буџетот е развојниот елемент, изјави Трајче Цветков, Раководител на сектот за финансии при ЛС-Штип

Главна карактерситика на буџетото е развојниот елемент и најголем дел од средствата се предвидени за реализација на инфраструктурни проекти. Во буџет за следната година има и нова ставка за финансирање на локалните избори кои најверојатно ќе се одржат во месец мај, за што се предвидени 3 милиони денари и  за кои согласно законот секоја локална власт треба да обезбеди средства.