Македонија
30. December 2015 - 16:03

Општина Ресен доби сертификат ИСО 9001:2008

Општина Ресен денеска доби сертификат за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет, односно воведување на ИСО 9001:2008 стандардот во локалната самоуправа.

Со неговото имплементирање ќе се овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните на Ресен, со што на ефективен и ефикасен начин ќе се реализираат, одржуваат и подобруваат општите перформанси и можностите за одржлив развој на општината.

Проверката и имплементирањето на ИСО стандардот во работењето на општина Ресен го спроведе Сетификационото тело за управување со ситеми МКС ДОО - Скопје.

Според Илија Паунковски претставник на Сертификационото тело, на овој начин ќе се придонесе граѓаните на општината Ресен да добијат навремена и поквалитетна услуга, а истовремено ќе се подобрат организациските можности за поефикасно искористување и управување на човечките ресурси во локалната администрација.

- Добро е што по подолг период на реализација на голем број активности денеска можеме на Општина Ресен да и го испорачаме сертификатот ИСО 9001:2008, кој се надевам ќе биде додатен поттик вонејзината работ, рече Паунковски.

За градоначалникот Ѓоко Стрезовски добивањето на сертификатот е обврска да се задржи и унапреди квалитетот на општинските услуги.

- Ни преставува особено задоволство што со добивањето на овој сертификат се верифицира квалитетот во работата на Општина Ресен, но во исто време преставува и обврска да се задржи и унапреди нивото на квалитет на услуги кои се испорачуваат кон граѓаните на нашата општина, изјави Стрезовски по повод добивањето на сертификатот ИСО 9001:2008.