Македонија
12. July 2019 - 12:56

Општина Радовиш додели сертификати за образовни асистенти и за негуватели на стари лица

Дваесет и шест лица од општина Радовиш добија сертификати за учество во проектот „Општокорисна работа“, финансиран од УНДП со 1.575.000 денари и кофинансиран од општина Радовиш со 500 илјади денари.

Доделени се 16 сертификати за образовни асистенти, три сертификати за лични асистенти во наставен процес, четири сертификати за негуватели на стари и немоќни лица и еден сертификат за негувател на деца со пречки во развојот, како и две потврди за успешно завршено учество во проектот.

Сите учесници беа работно ангажирани во период од шест до девет месеци во зависност од програмата и добиваа плата од девет илјади денари со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда.

Проектот Општинскокорисна работа се спроведува шеста година по ред и досега преку него се едуцирале повеќе од 90 лица.