Македонија
8. November 2016 - 12:45

Општина Пробиштип подготвува ДУП за СРЦ Пониква

Општина Пробиштип започна со изработката на Деталниот урбанистички планза СРЦ Пониква, со што Локалната самоуправа ќе добие стратешки документ за натамошна реализација на активностите на терен. По реализираните јавни расправи, деновиве се очекува негово донесување.

- Новиот Детален Урбанистички План на Пониква во делот што го опфаќа општината Пробиштип, ќе се простира на површина од 30 хектари во кој ќе  има опфатено парцели за викенд куќи, хотели, одмаралишта, спортски објекти и објекти за други намени. Локалната самоупрва ке ги следи барањата на инвеститорите и ќе интервенира во изградбата на потребната инфраструктура, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Општина Пробиштип.

За  развој на планинскиот центар на Пониква неопходно е заеднико инвестирање на општините Кочани и Пробиштип во решавање на инфраструктурните прашања, пред се изградбата на нов водоводен и канализациски систем за целата територија.

Според Тоневски, за развој на зимскиот туризам на Пониква во план е продолжување на постоечките и изградба на нови скијачки патеки и ски-лифтови, како  и изградба на нови скијачки терени со поголема должина и изградба на нови жичари, со што Пониква ке стане препознатлив зимски ски-центар во Источна Македонија.

За почетокот на идната година,истакнува Тоневски, се очекува да се доврши сообраќајното поврзување на пробиштипското село Турско Рударе со кочанското Рајчани, а оттаму и до Пониква.