Бизнис
15. March 2019 - 20:17

Општина Прилеп лани реализирала 24% од парите за капитални проекти

Процентот на реализирани капитални инвестици на Општиина Прилеп за 2018 година изнесува само 24,6%. Од опозицијата обвинија дека градоначалникот Јованоски не реализирал ништо од она што го ветувал пред изборите.

„Ова значи да доаѓаш на работа, да земаш плата цела година, а да завршиш само 24% од своите обврски. Од она што градоначалникот го ветуваше пред изборите, затворен базен, спортско-рекреативен центар, реновирање на старата прилепска чаршија, апсолутно ништо не е реализирано“, рече Петар Ристески, координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

За претседателот на Советот Миле Талевски капиталните инвестиции биле ниски бидејќи се расчиситувало со натрупаните долгови од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа се должи на тоа што локалната самоуправа исплати повеќе од 104 милиони денари средства кои се однесуваат на претходно затекнати долгови кон одредени добавувачи. Во периодот кој престои ќе се реализираат сите оние капитални проекти кои беа предвидени“, Миле Талевски, претседател на Совет.

За ВМРО-ДПМНЕ ова е историски најслаба година на реализација на капитални инвестиции во Прилеп, додека СДСМ вели дека се што ветиле ќе реализирале.