Бизнис
26. November 2018 - 20:48

Општина Прилеп исплати обештетување за јулското невреме

Општина Прилеп денеска започна со обештетување на земјоделците кои претрпеа големи штети во јулското невреме. Општината оддели 100.000 евра, а секој земјоделец ќе биде обештетен со 3% од вкупната штета која ја имал. Земјоделците се задоволни од ова обештетување, но сепак очекуваат обештетување и од државата кое што може да биде и до 15% од вкупната штета.

„Од 5 декари можи да се произведе тутун од 1,5 тони, што значии во вредност од околу 300.000 денари, а сега штетата е ограмна затоа што изгубивме и субвенции и килажа“, рече Роберт Костоски, жител на с. Мало Коњари.

Колкаво ќе биде обештетувањето од државата се очекува да се знае кон почетокот на идната година. Инаку ова е за прв пат Општина Прилеп да оддели средства за обештетување на земјоделците.

„Овие средства започнуваат да се исплаќаат од денес па се до средината на идната недела ии ќе бидат исплатени 1.359 барања“, истакна Жарко Северкоски, претседател на комисија за проценка на штети.

За да не доаѓа во идинина до вакви ситуации тутунарите бараат осигурување на родот уште со самото склучување на договорите за откуп.