Македонија
8. October 2019 - 19:45

Општина Охрид со еколошки возила ќе се бори со загадувањето

Во периодот кога Охрид е под закана да се најде на листата на загрозени подрачја ,со набавка на соларни бродови ќе се заштитува езерото. Градоначалникот Георгиески најави дека општината е заинтересирана за соларен брод кој ќе ги поврзува Охрид и Поградец а од оваа пролет ќе се набавуваат и електрични возила за стариот дел од градот.Станува збор за еколошки пловила со електрични мотори , кои се напојуваат  од сончевата  енергија.

Примената на оваа технологија во замена на моторите на внатрешно согорување на Охридското Езеро, ќе придонесе за поголема заштита на еко системот.

Катамаранот, кој чини скоро половина милион евра е наменет за превоз на стотина  лица, со брзина на пловење од  17 км на час.

Соларната енергија полека зема замав во речиси секој аспект на живеењето ,добрите познавачи велат  дека за  поголема заштита и зачувување на Охридското езеро туризмот треба да се ориентира кон алтернативните извори на енергија.