Македонија
10. April 2020 - 16:48

Општина Охрид сака да забрани влез за сите кои не се нејзини жители пред велигденските празници

Охридскиот кризен штаб бара забрана за влез на жители од други општини во градот пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата за туристички, верски и рекреативни цели. Со оглед на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е неопходна вели градоначалникот Георгиески.

Во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој.

Од кризниот штаб велат дека оваа мерка значително ќе придонесе  и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на жителите од Струга и околните села каде бројот на заболени од Ковид 19 секојдневно расте.