Општина Охрид ги распиша конкурсите за највисоките градски признанија и награди
Општина Охрид го објави конкурсот за годинашните највисоки градски признанија и награди, што се доделуваат по повод 8 декември, празникот посветен на Свети Климент Охридски, патронот на градот.
Градот доделува две награди, Повелба што ја доделува Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, како и Климентовата награда „Патрон на градот“ што ја доделува градоначалникот.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година, додека истите критериуми важат и за Наградата, но со разлика дека се работи за животно дело, траен белег во развојот на градот.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Со пријавите потребно е да се достави куса биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура. Повелбите може да се доделат повеќе или едно признание да го делат повеќе субјекти или лица додека Наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри