Македонија
12. May 2016 - 14:02

Општина Ново Село гради паркови во повеќе населени места

Ново Село, Зубово, Сушица, Борисово, Мокриево, Дражево и Смоларе се населените места кои се опфатени со програмата за парковско уредување на општина Ново Село. За оваа намена обезбедени се пари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година и од Буџетот на општина Ново Село, во висина од 11.219.739 денари.

- Општина Ново Село во континуитет работи на подобрување на условите за живеење во населените места, со реализација на разни проекти кои му даваат квалитет на секојдневието на нашите сограѓани. Токму поради тоа, водејќи се од оваа инцијатива, се почна инвестиција на парково уредување на централните подрачја во населените места. Со изградбата на парковите ќе се уреди и централното подрачје во сите овие населени места со што ќе се добие комплетно нов изглед, изјави градоначалникот на Ново Село Блажо Велков.

Тој смета дека реализацијата на овој проект ќе создаде пријатно место за одмор и престој, како на жителите така и на туристите.

Парковие ќе имаат и современа урбана опрема и ќе бидат целосно хортикултурно уредени. Досега се завршени градежните работи на парковите во Сушица и Зубово, а во тек се градежните работи на паркот во Ново Село, а потоа ќе продолжи уредувањето и во другите населени места.