Бизнис
8. September 2019 - 16:28

Општина Могила ќе ја гради првата агроекономска зона во државата

Во Општина Могила ќе се гради првата агроекономска зона во државата од која ќе имаат бенефит млекопроизводителите. Во оваа зона, која е дел од проектот за деловен еко систем за модернизација на малите и средни фарми, на земјоделците ќе им се овозможи да изградат модерни фарми по европски терк, со што ќе се олесни и пристапот до европските фондови.

-Најбитно од се е тоа што тоа е градежно земјиште, а на земјоделецот му треба градежно земјиште за да изгради модерна фарма, а притоа да аплицира во ИПАРД. Заради тоа ќе им биде олеснувањето. Рзговаравме со млекопроизводителите и оние што се занимваваат со семејните бизниси кои треба да прераснат во големи бизниси, со што ќе се смени она традиционално производство на млеко и ќе стане современо. Има заинтересираност, РЕЧЕ ЈАСМИНА ГУЛЕВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА МОГИЛА.

Според министерот за земјоделие Димковски, на овој начин би се покажало како треба да изгледаат модерните фарми.

-Во овој случај не е само прашањето на инвестицијата и колку чини туку и начинот на стопанисување. Кога зборуваме за начинот на стопанисување, зборуваме за екологија, квалитет, генетика. Но онаа крупна слика што треба да ја добиеме, легални фарми, квалитетно, евтино производство, бидејќи знаеме дека сточарството е еден крупен сегмент во вкупното земјоделско производство, доколку успееме сточарството да го развиеме, и да дојдеме до фаза каде што ќе биде поконкурентно, тогаш сме направиле една добра работа, односно 3,9% развојот во последниот квартал ќе даде многу подобри резултати, рече ТРАЈАН ДИМКОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ.

Зоната ќе биде лоцирана во месноста Петилеб на површина од 19 хектари. За неа е донесен ДУП, документацијата е пратена до Министерството за транспорт и врски и ќе чекаат дозвола од Владата.