Општина Македонска Каменица обезбеди 12 милиони денари за изградба на локални патишта
Преку Програмата за финансиска поддршка за развој на земјоделството и руралниот развој, Општина Македонска Каменица обезбеди финансиски средства во износ од 12 милиони денари за изградба на локални асфалтни патишта.
Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, средствата ќе бидат наменети за изградба на патишта во маалата Бошњаци, Врбаци и Пашите во село Косевица.
-Исто така, преку Програмата за финансиска поддршка за развој на земјоделството и руралниот развој обезбедени се финансиски средства од скоро шест милиони денари кои ќе бидат наменети за изработка на урбанистички планови во селата Луковица, Моштица и Саса, информира Стаменкова.
Додаде дека активностите за реализација на проектите се очекува да започнат веднаш по завршувањето на изборниот процес.
Во моментов во Македонска Каменица се реализираат завршните градежни активности на улицата „Вера Јоциќ“.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња