Македонија
14. March 2019 - 14:55

Општина Куманово одвои над 460.000 денари за реквизити за мини-детски игралишта

Општина Куманово одвои над 462.000 денари за набавка на реквизити за посетоечките мини-детски игралишта, соопшти денеска градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

-Лулашки, клацкалки ќе бидат поставени на веќе постоечките игралишта и на нови локации во поголемите населби во градот, рече Димитриевски, одговарајќи на прашања на советници на седница на Советот.

Избран е економски оператор и наскоро се очекува поставувањето на реквизитите.

Димитриевски најави дека реквизитите ќе се постават на веќе постоечките игралишта на градскиот кеј, во двата парка Соколанскиот и Стариот градски парк, а нови игралишта ќе има во населбите „Зелен Рид“, „Иго Тричковиќ“, „Тоде Мендол“, населби со најголем број жители во Куманово.

Граѓаните, пред се, родителите постојано бараа општината да инвестира со поставување нови реквизити на детските игралишта, бидејќи на постоечките мини игралишта, речиси сите реквизити се уништени и дотраени.