Македонија
18. February 2019 - 15:45

Општина Куманово одвои над 1,6 милиони денари за програмата за локален економски развој

 Општина Куманово ќе одвои 1.650.000 денари од буџетот за реализација на програмата за локален економски развој, информираа денеска, надлежните од ова одделeние. Останатите средства што се планирани во висина од 2,8 милиони денари ќе бидат прибрани од донации при реализација на одредени активности, проекти во кои ќе учествува општината.

Според надлежните, клучно, за развој на програмата е изработка на стратегијата за локален економски развој, што е со важност на траење од пет години. Во овој период, одделeнието за локален економски развој, претставниците од бизнис заедницата, од граѓанскиот сектор, заедно со избраната консултантска куќа работат на подготовка на стратегијата, во која, според надлежните, е вметната и поддршката што општината ја доби од Владата за изградба на индустриската зона во Речица и Новине.

Годинава, општината ќе продолжи со промоцијата на водичот за инвеститори, со што се планира да се привлечат домашни и странски комапнии. Планирани се и студиски посети за заинтересираните за примена на добрата пракса од старт-ап компаниите. Во програмата се планира и реактивирање на локалниот-економскиот совет, како и активности во соработка со различни организации за креирање нови работни места, организирање бизнис форуми, утврдување дефицитарни кадри, организирање недела на претпримеништво, поставување монтажни куќички за цветен пазар.

Во однос на поддршката на туризмот, планирано е обнова на туристичката сигнализација, учество на саеми, активноста „Посети го Куманово“. Градење конкуретност преку иновација наменето за занаетчиите, продолжување на чевларската шопинг тура се дел од предвидената поддршка за занаетчиите годинава.

Во моментов се спроведува и проектот од прекугранична соработка за одржливи пазари во кои се вклучени земјоделци и претпријатијата од овие две општини.