Македонија
17. August 2018 - 12:18

Општина Кратово организира „Алтернативна еко-сабота“

Локалната самоуправа на општина Кратово утре организира волонтерска еколошка акција насловена „Алтернативна еко-сабота“.

- Станува збор за прва волонтерска еколошка акција во наша организација која има за цел да се исчистат патеките и паркот во месноста Карши бавча, а воедно и да се покаже дека можеме сите заедно еколошки да се однесуваме кон прекрасната околина која ја имаме во Кратово, истакнаа од локалната самоуправа на општината.

За акцијата, која ќе започне во 11 часот, се обезбедени ракавици и вреќи за отпад, но од општината посочуваат дека секој што ќе учествува дополнително може да понесе останати алати за чистење.