Општина Кочани ќе додели градежен материјал за социјално загрозените граѓани
Општина Кочани ќе им додели бесплатен градежен материјал на социјално загрозените жители чии домови подолго време се руинирани или пак биле оштетени од невремето во изминатиот период.
Доделувањето на помошта е дел од општинската програма за социјална, детска и здравствена заштита, а распределбата ќе се прави по добиените писмени барања и утврдување на состојбата на терен, за што е формирана стручна комисија.
- Градежниот материјал ќе им биде поделен на корисниците на постојана парична помош, на невработени или пак на граѓани кои се нашле во состојба на социјален ризик, со цел да им помогне да ги санираат оштетувањата и да ги оспособат своите живеалишта. Локалната самоуправа ќе распредели три тони цемент, еден ипол тон усјемал, дрвена граѓа, градежно железо и блокови и материјали за бојадисување, наведе Голубина Георгиева од Одделението за јавни дејности.
Со донесената одлука за набавка на градежниот материјал се инвестираат околу 200.000 денари од буџетската сметка, за што претходно беше дадена согласност и од Советот на општината.
Освен за добивање градежни материјали, граѓаните можат да побараат финансиска помош од Општината и за набавка на лекови или за покривање на дел од трошоците за лекарски прегледи во други градови во државата, за што е неопходно да имаат соодветна документација.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња