Општина Кочани додели 26 студентски стипендии
Дваесет и шест редовни студенти, жители на Општина Кочани, ќе користат стипендии за тековната студиска година како финансиска поддршка од буџетот на локалната самоуправа. Избраните студенти студираат на факултетите на јавните високошколски установи во Штип и Скопје, што беше еден од критериумите за учество на огласот.
На конкурсот за стипендирање, што беше објавен кон крајот на ноември и со кој беа предвидени средства за 30 стипендии, се пријавиле 28 кандидати, при што општинската комисија утврдила дека двајца не ги исполнуваат потребните услови.
– Годинава бројот на стипендистите е речиси удвоен во споредба со претходните години. Тоа се должи на несовпаѓањето на периодот за аплицирање за општинските стипендии со конкурсот за државни стипендии, што придонесе за подобро искористување на буџетските средства по овој основ, истакнаа од Секторот за јавни дејности во Општина Кочани.
Бодувањето на кандидатите е според постигнатиот висок успех во студирањето, а приоритет имаа студенти на факултетите за медицински науки, студенти од социјално загрозени семејства и од ромската етничка заедница. Како дефицитарни кадри, основ по кој кандидатите добиваат уште по пет бода, беа утврдени студентите на текстилно инженерство, ветеринарство, музичка уметност, хемија, биологија и на технолошки науки.
Стипендиите се доделуваат за период од десет месеци, а се однесуваат на студиската 2019/20 година, при што износот е три илјади денари месечно по студент.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација