Македонија
20. July 2017 - 14:49

Општина Кисела Вода поплочува неколку улици во Усје

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска изврши увид во градежните активности кои се одвиваат во Усје.

Улицата „Борис Трајковски“ крак 20 ќе биде целосно поплочена со павер елементи. Поплочени ќе бидат и трите краци на оваа улица во должина од 280 метри.

- Екипите на градежната фирма која е на терен треба да ги завршат своите активности во наредниот период, по што улиците во населеното место Усје ќе добијат подобрен лик, а неговите жители подобри услови за живеење. Општина Кисела Вода ќе продолжи со санација на улици кои се на нејзина територија, соопшти општина Кисела Вода.