Општина Кисела Вода додели 42 нови ваучери за новороденчиња
42 ваучери за новороденчиња денес додели општина Кисела Вода. Од нив 13 беа за машки, а 29 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1652.
Се работи за проект од програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, донесена по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржана од Советот на општината.
Истиот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи