Македонија
21. January 2019 - 14:46

Општина Кавадарци со препораки против загадувањето

Кавадарчани за затоплување да не користат прегорено отпадно масло, лакиран и обоен отпад, пластика, гума и синтетика, наведуваат од општина Кавадарци во препораки против загадувањето.

– Согласно  уредбата   за  изменување  и дополнување  на  уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот  воздух  и  прагови  на  алармирање, во која е дефиниран прагот на  информирање на  суспендирани  честички  со големина до 10 микрометри и врз основа на добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки  работи,  информираме дека  е надминат на две мерни места во Кавадарци. Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 два последователни дена, со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), како надлежни на локално ниво, препорачуваме неколку мерки, информираа денеска од општина Кавадарци. 

 Оттаму апелираат  да се користи јавен превоз, автомобилите да не се користат без поголема потреба, во еден автомобил да се возат повеќе лица, правилно да се користат печките за дрва.
 
– Според препораките од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потребни се ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот, соопштија од локалната самоуправа.