Македонија
13. January 2016 - 12:52

Општина Кавадарци донираше за 70 социјално загрозени семејства

Општина Кавадарци во соработка со неколку поголеми маркети им донираше социјални пакети на 70 социјално загрозени семејства. 

- Се работи за наши сограѓани кои се од социјално загрозени фамилии. Во оваа прилика ги повикувам сите граѓани кои имаат вишок храна да не ја фрлаат во контејнери, како што некои тоа вообичаено го прават, туку преку општината или Центарот за социјални работи да ја донираат на сиромашните, апелираше градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. 

Градоначалникот Панов соопшти дека има уште 20 социјални пакети за граѓани кои не се евидентирани како социјални случаи во Центарот за социјални работи, туку според евиденција и сознание на општина Кавадрци, можат да бидат корисници на социјална помош.