Македонија
4. January 2017 - 12:29

Општина Карпош подготвена за најавените ниски температури и снег

Општина Карпош е подготвена за ниските температури и врнежите од снег што деновиве ги најавуваат хидрометеоролозите и информира дека има обезбедено 250 тони сол, 20 кубни метри ризла и три специјализирани возила за интервенции во зимски услови со плуг и со бункер за сол.

Како што се наведува во соопштението на општина Карпош, локалната власт е подготвена да интервенира на сите сервисни улици кои се наоѓаат на нејзина територија,  со особено внимание на т.н. „критични точки“ спрема Бардовци, Трнодол, Жданец, патот за Горно Нерези, како и во Козле на улиците „Ловќенска“ и „Илија Плавев“.
 
Останатите магистрални улици кои минуваат низ територијата на Карпош, со соодветна механизација и служби, ќе ги расчистува Градот Скопје.

Во состојба на целосна подготвеност, како што се наведува, ќе биде ставена и единицата за заштита и спасување на Општина Карпош, за да интервенира доколку тоа е неопходно.