Македонија
29. December 2019 - 14:05

Општина Карпош ќе воведе хумани патроли за грижа за највозрасните жители

Проектот за хумани патроли ќе овозможи зголемена грижа и нега за највозрасните, изнемоштени лица, домашни посети и медицинска поддршка, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на предновогодишна дружба со здруженијата на пензионери од општината.  Локалната самоуправа за овој проект аплицирала до Министерството за труд и социјална политика и во 2020 година се очекува негова реализација.

Како што соопшти Општина Карпош, на средбата со градоначалникот и советниците, пензионерите го поздравиле враќањето на спортска сала „Партизан“ во владение на Карпош, затоа што за тој објект имаат убави сеќавања од младоста.

Градоначалникот Богоев најавил и отворање два нови пензионерски клуба. Им посакал на пензионерите среќни празници и мирна година, исполнета со здравје, среќа и благосостојба и истакнал дека Општината ќе продолжи да биде партнер на највозрасните.