Македонија
10. May 2016 - 16:27

Општина Карпош ги додели првите 5 решенија за енергетски ефикасни објекти

Паричен поврат на првите пет инвеститори на енергетски ефикасни згради во општина Карпош. Јакимовски ги додели решенијата со кои им се вратија 20 отсто од комуналните трошоци.

Општината на овој начин ги стимулира сите граѓани кои планираат да градат да  користат обновливи извори на енергија и да градат според овие стандарди а тие ќе им ги намалат трошоците. 

До сега се изградени 244 згради кои трошат од 50 квч енергија на квадратен метар а 68 од нив користат обновливи извори на енергија.

 

Општината е изградена според овие стандарди и  користи систем на термални пумпи за греење и ладење.

Како потписници на конвенцијата 20 20 20 Јакимовски информираше дека и училиштата и градинките се реновираат и се користат поефикасни енергетски системи.

Карпош е прва општина која  го донесе правилникот со кој на инвеститорите  во зависност од тоа каква изолација имаат вградено во објектите, им следи и процентот на поврат на таксите.