Македонија
15. December 2018 - 20:22

Општина Градско одележа 22 години од своето постоење

Со Свечена седница на Сoветот на Општина Градско денеска во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско беше одбележан 16 декември – Денот на Општина Градско и 22. години од нејзиното постоење.

Градоначалникот на Општина Градско, Роберт Бешовски се осврна на сработеното во неговиот едногодишен мандат како градоначалник.

Тој потенцира дека најголем фокус со превземањето на функцијата посветиле на враќање на долгот кој го наследил од петходниот градоначалник во износ од 600 илјади евра, а од што успеал да врати 100 илјади евра.

-Владата сега ни додели неповратни 220 илјади евра, наменски средства кои ќе почнеме да ги враќаме на почетокот на 2019, а со што долгот ќе ни се намали за вкупно 320 илјади, а ќе ни останат за враќање уште 280 илјади евра, потенцира Бешовски.

Во значајните проекти во оваа 2018 се доградбата на Градинката „Кокиче“ во Градско со средства од МТСП. Уредувањето и опремувањето на ООУ„Даме Груев“ во Градско, како и училиштето во село  Водоврати кое е санирано училиштето, а во училиштето во Кочилари ќе градат спортски терен.

-Изработивме и аплициравме два проекти во висина од 300 илјади евра преку Европската инвестициона банка за подобрување на водоснабдувањето за населба Градско-изградба на потисен цевковод бунарот кај Улански мост до резервоарот за вода во Градско. Проектот за изградба на канализациона мрежа во населба Стопанство е во фази на консултации и треба да се направи измена на проектната документација, а ќе почне да се реализира напролет, рече градоначалникот.

Бешовски воедно најави многу проекти од сите сфери кои ќе се реалиизраат во новата 2019 година, како изградба на повеќе улици и сообраќајници во Градско и останатите населени места, исто така и вложување во социјално-ранливите категории за културата и спортот и други области.

Како значаен проект за 2019 година најави изградба на Откупен центар-Пазар на големо во Градско, кој ќе се финансира од БРР со посредство на Вардарскиот плански регион. Тој потсети дека Градско и географски е срцевината на Македонија, крстопат на многу патишта, а и денес патот кон Европа поминува низ Градско.

На свечената седница без врачени благодарници на поединци и фирми. За најнаставник беше прогласена Наташа Коцева, професор по физичко од ООУ „Даме Груев“, а за најдобри ученици основци: Марија Димова и Елена Митева,кај средношколците Тамара Трајановска –Гимназијалка, а од студентите Софија Христова, студент на Градежниот факултет при УКИМ Скопје.

Свеченоста беше збогатена со културно – уметничка програма со настап на хорот на ООУ „Даме Груев“, со сплет македонски ора и песни во изведба на  КУД „Стоби“, како и естрадната пејачка Наташа Малинкова, која се претстави со избрани македонски песни.