Општина Гостивар почна со уривање дивоградби
Локалната самоуправа почна акција за уривање на бесправно изградени објекти на територијата на општина Гостивар.
Во наредниве две недели се очекува да бидат урнати уште шест објекти, за кои инвеститорите не ги обезбедиле потребните документи.
Од службата за информирање на општина Гостивар потврдија дека акцијата почнала со уривање на еден ѕид во населбата Питарница, изграден без соодветна дозвола и на локација на која е предвидена улица.
- Со уривањето на овој ѕид, во иднина ќе се овозможи слободно движење на возилата на тој дел од населбата Питарница. Општина Гостивар ќе продолжи со уривање на бесправните градби, како што се ѕидовите кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти кои се изградени бесправно, велат од општина Гостивар.
Од Секторот за урбанизам упатуваат апел до граѓаните да не градат без соодветна дозвола, бидејќи ќе се соочат со мерки.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид