Македонија
17. July 2018 - 14:00

Општина Гостивар планира производство на струја од отпадот во депонијата Русино

 Гостиварската локална самоуправа потпиша меморандум со компанијата Ватерло Хастингс од Велика Британија која треба да помогне во изработка на проект и консултации за депонирање на отпадот во депонијата Русино и негова преработка.

Според првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари со овој документ се прави првиот чекор кон решавање на еден од најгорливите проблеми во полошкиот регион.

- Со овој меморандум ги определуваме деталите и условите што ги преземаме. Се надевам дека и централната власт, Владата ќе нé поддржи да го реазлираме овој проект и да се најде дефинитивно решение. Една од можностите на идните инвеститори е управуавње со депонијата и производство на струја од отпадот, изјави градоначалникот Таравари по потпишувањето на Меморандумот.

Претставникот на компанијата Ватерло Хастингс  изрази надеж дека овој меморандум ќе биде почеток на една подологорчна соработка на база на јавно приватно партнерство.

-  Ние имаме соработка со француската компанија Етиа, која се занимава со преработка на отпад и имаме пристап до значајни финансиски фондови. Претходно го истражувавме пазарот од оваа област во Македонија и увидовме дека дефинитивно има потреба од инвестирање. За Гостивар подготвени сме да ја обезбедиме инвестицијата 100 проценти и да воспоставиме приватно-јавно партнерство со Гостивар. Се надевам дека сите административни процедури и обезбедување документација ќе бидат завршени до септември кога и ќе потпишеме финален договор, изјави Филип де Борегард.

Потпишаниот Меморандум опфаќа консултирање, подготовка, развој и имплементација на проекти на локално и регионално ниво за третман на отпад и вода