Општина Гостивар најавува два милиони евра инвестиции во инфраструктура
Оваа година ќе ја завршиме со инвестиции во инфраструктурни објекти низ општината во вредност од два милиони евра, вели градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари.
Тој со соработниците при посетата на селото Дебреше се запозна со текот од завршната фаза на асфалтирањето на една улица, за која од општинската каса се издвоени близу 800 илјади денари.
- Во предизборната кампања го посетив маалото Дреница и ми кажаа дека 40 години ништо не е направено за подобрување на условите за живот. Тогаш им ветив и ветувањето е исполнето, како и уште пет други барања. Во тек се и други инфраструктурни проекти и според планот, вкупните инвестиции во канализации, водоводни мрежи, улици и други инфраструктурни објекти, до крајот на годината ќе достигнат два милиони евра, изјави градоначлникот Таравари.
Покрај асфалтирањето на улицата, во Дебреше од денеска има и уреден паркинг пред џамијата Рабија, за што жителите на Дебреше доставиле барање преку членот на Советот во општината од нивното село.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители