Општина Гостивар ќе додели финансиска помош за настраданите во автобуската несреќа кај Ласкарци
Членовите на Советот на Општина Гостивар, на последната 12-та седница едногласно ја усвоија одлуката за доделување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници во автобуската несреќа кај скопско Ласкарци. Средствата ќе бидат исплатени од буџетот на општината.
– Оваа помош е во во знак на солидарност кон настраданите во трагичниот настан, кон семејствата на загинатите и на повредените во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово. По 30.000 денари ќе добие семејство на настраданите, а по 15.000 денари ќе добијат повредените, стои во образложението на советниците.
Како гест на благодарност за пружената помош и покажаната хуманост од жителите на селото Ласкарци, општината на месната заедница ќе донира 300.000 денари.
Минатата недела, Советот на Град Скопје, како израз на солидарност, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари
Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот го загубија 15 лица, а над 38 беа повредени.
Ново на Сител
-
Инаугурацијата на Бајден погледана од онаа на Трамп пред четири години
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со сончеви периоди и потопло
-
Царовска: Никаде не пишува дека македонската историја нема да се изучува
-
СП Ракомет: Победи на Аргентина и Полска
-
Почина легендарната спикерка Бранка Станковска на 90-годишна возраст
-
Маричиќ: Законот за попис е донесен – попис во април ќе има
-
Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 70 милиони