Македонија
21. January 2022 - 12:20

Општина Ѓорче Петров: Расчистен снегот на критичните точки, фрлени 20 тона сол

Општинските служби во соработка со службите од Град Скопје во текот на ноќта ги расчистуваа од снежни наноси главните улици во Ѓорче Петров. Поради превенција од замрзнување на коловозот беа фрлени и над 20 тони сол.

-Расчистен е теренот и пред училиштата и градинките, кон селата Кучково и Никиштани и повисоките места во Ѓорче Петров.  Во моментов се расчистуваат пешачките патеки поради безбедност на граѓаните. Заради најавите од метеоролошките станици за евентуални нови врнежи од снег и во деновите што следуваат, општинските екипи се на готовс за расчистување на теренот.  Улиците ќе бидат расчистувани и во текот на денешниот и утрешниот ден, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.

Од општината порачуваат дека останува само обврската на граѓаните, да го исчистат снегот пред нивните домови.