Општина Гевгелија развива систем за управување согласно стандардите ИСО
Општина Гевгелија изведува, одржува и развива систем за управување соодветно на барањата на стандардот ИСО, стои во извештајот што денеска го објави Словенечкиот институт за квалитет врз основа на обновената проверка за примената на стандардот во 2015 година.
Општина Гевгелија, се наведува во извештајот, покажува високо ниво на прифаќање на стандардот, негова имплементација во водење на процесите и нивно постојанно пододобрување.
Во отежнати услови,поради бегалската криза, општина Гевгелија успеала со активна работа да обезбеди услови за непречено работење и живеење на своите граѓани.
Покрај ова, се вели во извештајот, сите преземени активности и реализирани проекти, како и остварената буџетска политика во 2015 година, недвосмилено покажуваат дека општина Гевгелија успешно се справува со проблемите наметнати од бегалската криза.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората