Македонија
2. January 2020 - 11:23

Општина Гевгелија набави опрема за зимско одржување на патиштата

Јавното претпријатие „Комуналец“ согласно усвоената програма од Советот на општина Гевгелија, поведе постапка и ја набави потребната опрема за расчисистување на улиците и локалните патишта во случај на врнежи од снег.

-Сега општината целосно е оспособена за самостојно одржување на улиците и локалните патишта во зимски услови. До сега тоа го правевме преку ангажирање на надворешни фирми, а сега покрај заштедата на значителни средства обезбедуваме навремена и ефикасна заштита бидејќи опремата веќе е во кругот на претпријатието, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Директорот на претпријатието Златко Зумров, истакна дека за купување на опремата се издвоени еден милион денари од сопствениот буџет и дека гевгелиските комуналци се целосно подготвени за дејствување во зимски услови.

-Набавената опрема се состои од една соларка и три плугови за расчитување на снегот од кои два, во случај на потреба, ќе се прикачат на трактори, а еден на скип. Претпријатието стана целосно способно за дејствување во зимски услови, што не беше случај до сега затоа што во случај на врнежи од снег и голомразица комуналците дејствуваа со несоодветна опрема или рачно, рече директорот Зумров.