Општина Гевгелија ги распиша конкурсите за финансирање на културни и спортски проекти
Поединци, здруженија на граѓани, фондации, училишни спортски клубови, акционерски и трговски друштва имаат право да учествуваат на конкурсите за финансиска подршка на културни и спортски проекти од интерес на општина Гевгелија, кои беа распишани денеска.
Од областа на културата општината финансиски ќе подржи проекти, програми, традиционални манифестации и други настани кои се од интерес на општина Гевгелија и придонесуваат за нејзина афирмација,додека пак од спортот финансиска подршка ќе добијат традиционални спортски приредби и настани, но и активности на спортски клубови и спортисти аматери, посочија од општината.
Сите заинтересирани своите апликации со програмските замисли треба да ги достават на адреса на локалната самоуправа во Гевгелија најдоцна до 15 декември.
Ново на Сител
-
Од 1 февруари се планира враќање на администрацијата на работа во комплетен состав и со полно работно време
-
Ѓукановиќ единствен кандидат за претседател на ДПС
-
Затворен угостителски објект во гостиварско поради непочитување на работното време
-
407 санкции за неносење маска во текот на изминатото деноноќие
-
Тешка сообраќајка во Скопје, се судрија четири автомобили - повредени се 2 лица
-
Возач на „порше“ побегнал откако удрил пешак во Скопје
-
Полицијата уапси двајца скопјани кои пренесувале 6 мигранти со својот автомобил
-
Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана