Македонија
18. November 2019 - 11:35

Општина Гевгелија ги распиша конкурсите за финансирање на културни и спортски проекти

Поединци, здруженија на граѓани, фондации, училишни спортски клубови, акционерски и трговски друштва имаат право да учествуваат на конкурсите за финансиска подршка на културни и спортски проекти од интерес на општина Гевгелија, кои беа распишани денеска.

Од областа на културата општината финансиски ќе подржи проекти, програми, традиционални манифестации и други настани кои се од интерес на општина Гевгелија и придонесуваат за нејзина афирмација,додека пак од спортот финансиска подршка ќе добијат традиционални спортски приредби и настани, но и активности на спортски клубови и спортисти аматери, посочија од општината.

Сите заинтересирани своите апликации со програмските замисли треба да ги достават на адреса на локалната самоуправа во Гевгелија најдоцна до 15 декември.