Македонија
7. August 2016 - 15:57

Општина Гази Габа: Еднократна парична помош од 100 илјади денари за семејствата на настраданите

Советот на општина Гази Габа денеска ја одржа 48. седница на која се усвои информацијата на градоначалникот за текот на активностите поврзани со штетите од синоќешното невреме, кои се направија на територијата на општината.

Од општината соопштија дека членовите на Советот во рамки на седницата донеле одлука за формирање комисии за процена и утврдување на штета настаната од природни непогоди и други несреќи и одлука за доделување за еднократна парична помош на семејствата на починатите во елементарната непогода која изнесува 100.000 денари.