Општина Делчево ќе додели 24 стипендии за студенти и средношколци
Општина Делчево ќе додели 24 стипендии, од кои 12 за студенти и 12 за ученици во делчевската гимназија.
Општинските советници на седница едногласно ги усвоија предлог-длуките за стипендирање студенти и ученици. Според образложението на Сузаната Петровска, раководител на Одделението за општи и правни работи во Општина Делчево, од буџетот за 2016 година Општината одвоила околу 350 илјади денари за оваа намена, а стипендиите ќе се исплаќаат за период од 9 месеци за тековната учебна година.
- Општина Делчево веќе 9 години доделува стипендии на солидни студенти и ученици. Новина е што годинава ќе се доделат 6 стипендии на студенти кои студираат на државните факултети, а имаат просек над 9,5. Месечната стипендија за овие студенти ќе изнесува 3.500 денари, истакна Петровска.
Општина Делчево ќе додели и 6 стипендии во висина од 2.000 денари на студенти кои студираат на државните факултети и имаат просечен успех над 8, но нивните семејства се со ниски примања.
- Целта на овие стипендии е да се поттикне успехот кај студентите од една страна, а од друга да им се помогне во школувањето, додаде Петровска.
Исто така, предвидени се и две групи стипендии и за средношколците од Делчево. Во првата група ќе се стипендираат средношколци кои имаат континуиран одлучен успех 5 и освоени награди на државни првенства верификувани од Бирото за развој на образованието, а ќе се доделат уште 6 стипендии на ученици со просечен успех 4,5, а потекнуваат од семејства со ниски примања. Овие стипендии ќе бидат во висина од илјада денари.
Конкурсите ќе бидат објавени до крајот на оваа година, а согласно со критериумите, аплкикациите ќе ги разгледува комисија формирана од Општина Делчево и од Советот на Општината.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228