Општина Дебар во третиот квартал добила над 1,2 милиони денари од концесии
Во третиот квартал од годинава, општина Дебар, врз основа на концесии прибрала над 1,2 милиони денари.
Дел од природните богатства, како што вели Ќазим Ќормемети, раководител на Eкономско-финансискиот сектор при општината, се дадени под концесија врз основа на простор и на експлоатација на минерали.
- По двата основа во буџеската каса во третото тромесечие се слеале средства во износ од милион и 240 илјади денари. Одделно по концесионери, најголем износ има фабриката „Кнауф“ со 500 илјади денари, „Дебарски Бањи-Цапа“ со 450 илјади, „Ди гипс“ со 150 илјади, „Монинг“ со 100 илјади и „Лика компани“ со 40 илјади денари. Концесионерите на време ги реализираат своите обврски кон општината, изјави Ќормемти.
Според него во просек годишно во општинската каса се слеваат по над 3,2 милиони денари.
Остварените приходи по однос на концесија се многу значајни за општината и се насочени кон реализација, главно на инфраструктурни проекти, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа општина.
Општина Дебар располага со многу природни богатсва и од страна на економските експерти се оценува како една од ретките општини по борјот на концесионери.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара