Општина Чашка очекува да се одобри проектот за асфалтирање на патот до Чеплес | Сител Телевизија
Бизнис
10. August 2018 - 9:23

Општина Чашка очекува да се одобри проектот за асфалтирање на патот до Чеплес

Општина Чашка ќе го асфалтира патот кон селото Нежилово до непосредна близина на Планинарскиот дом Чеплес. Средствата во висина од околу 900 илјади евра треба да се обезбедат од проектот за развој на туризмот на Светска банка, кој е партнерски проект со Владата на РМ.

Покрај асфалтирање на патот, во должина од 11 километри, во рамки на проектот планирана е и  изградба  на пристапна патека до изворите на реката Бабуна над селото Нежилово, во масивот  на планината Јакупица под Солунска Глава кој е многу атрактивен за развој на туризмот.

- Очекувам  дека Светската банка ќе ја препознае потребата за развој на туризмот во овој атрактивен регион и ќе го одобри проектот. Факт е дека реонот на Азот и планинскиот масив  на Јакупица имаат извонредни можности за развој на планинскиот и алтернативен рурален туризам. Проектот е многу важен бидејќи со асфалтирањето на патот во близина на  Планинарскиот дом на Чеплес, на  посетителите во многу ќе им се овозможи подобар пристап со секаков вид на патнички автомобил, потенцира Стојановски.

Со проектот пак за изградба на пристапна патека на изворите на реката Бабуна кои се наоѓаат  над селото Нежилово на пола пат до планинарскиот дом на Чеплес, во иднина посетителите на безбеден начин ќе можат да уживаат во неповторливата глетка на изворите на Бабуна.

Овој терен е лизгав и тука многумина паднале и скршиле рака и нога, а 24-годишен скопјанец на 9 ноември 2013 се лизна на овој терен кај изворите на Бабуна  и почина по пад на карпа.

- Затоа изградбата на безбедна патека е многу важна за посетители, а кои сакаат да дојдат на ова атрактивно место, потенцира градоначалникот Стојановски.

Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица