Македонија
14. September 2020 - 17:12

Општина Чаир: Пукнатата цевка во Топанско не е во наша надлежност, но ќе го санираме проблемот

Пукнатата одводна цевка која шест месеци поплавува подрумски простории на 20 семејства со фекалии во Топанско поле не била во надлежност на општина Чаир, тврди прес-службата на општината.

Оттаму велат дека станарите требало сами да си го санираат проблемот. Но, општината заедно со ЈП Водовод и канализација ќе ја променат цевката. Се очекува со работа да почнат утре или задутре. 

Станарите на зградата во Топанско пред камерата на Сител се пожалија дека шест месеци чекаат општина Чаир да ја санира цевката, бидејќи како што велат, се дават во сопствените фекалии.

Како што велат, градоначаланикот Ганиу лично ветил дека по изборите ветувал дека проблемот ќе биде решен, но тврдат оти досега не е преземено ништо.

 

Даниел Василев