Македонија
28. јуни 2018 - 17:04

Општина Центар започна со рушење на терасите на угостителските објекти во Дебар Маало

Градежна механизација влезе во локалите на Аминта трети.. Инспекциите на Општина Центар утврдиле дека угостителите недозволено узурпирале простор од јавната површина.

Втор ден се уриваат летните тераси на неколку угостителски објекти овде во Дебар маало. Се отсрануваат бетонски платформи и метални конструкции.

Сопствениците велат дека имаат дозвола за користење на просторот. Одобрението го добиле од градски власти.

„Покрај сите уредно доставени документи од наша страна дека имаме одобрение за оваа урбана опрема поставена на овој простор и дека е нелегално извршувањето и рушењето на објектот, од Општина Центар се глуви на нашето барање да се прекине со извршувањето и еве денеска сме сведоци на довршување на нивното насилие“, вели Дејан Гиевски, Сопственик на угостителски објект.

Од Општина Центар пак велат дека се урива тоа што е безправно изградено.. Подолг период се барало од сопствениците сами да ги отсранат градбите.

„Неосновани  се тврдењата дека станува збор за урбана опрема туку за класични бесправно изградени доградби на основниот локал“, велат од Општина Центар.

Уривањето на дел од терасите го привлече вниманието на локалните жители.

Од Општина Центар велат дека ќе продолжат со уривање бесправни доградби на угостителските објекти.

Зоран Јаневски за Сител Телевизија