Општина Центар: Една година успешна работа на културно-социјалниот простор Јадро
Општина Центар соопшти дека новоотворениот културно-социјален простор Јадро работи успешно година дена и оти и во вонредни околности организирани се повеќе успешни проекти од областа на културата.
– И покрај вонредните услови за работа наметнати од глобалната пандемија од Ковид-19, КСП-ЈАДРО реализираше девет програмски линии и седумдесет содржини според Годишната програма за работа за 2020 година, а покрај тоа овозможи и бесплатно користење на просторот за осумдесет работно продукциски термини и реализација на програмски активности за повеќе од триесетина корисници од пошироката уметничка заедница, независната културна сцена и граѓанскиот сектор, се наведува во соопштението.
Програмските активности вклучувале предавања, интердисциплинарни работилници, изложби, поетски и литературни читања, театарски и танцови истражувања и перформанси, филмски дебати, музички концерти и проекти во областа на архитектурата, фотографијата и дизајнот.
Дел од проектите што се реализирале со поддршка од Швајцарската амбасада и Министерството за култура се осум концерти на млади соло музичари и бендови, самостојна изложба „Идиоми” на уметникот Филип Велковски, театарска работилница за млади ентузијасти на тема „Граници”, авторска претстава „Нови мерки, старо другарство” под слоганот-Гледај театар од тераса, десетмесечен бесплатен курс за аудио продукција под менторство на Владимир Аговски и изложба на муралот на младиот уметник Сали Ертунч, насликан на фасадата на Културно социјалниот простор-ЈАДРО.
Следен проект што ќе се реализира во рамки на КСП-ЈАДРО е проектот „Домашна работа, наша работа” на уметницата Кристина Божурска, кој ќе се реализира под менторство и во соработка со кураторот од Словенија, Теуш Логар.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024