Македонија
15. December 2015 - 12:03

Oпштина Бутел ќе избира најубаво украсен двор

Општина Бутел петта година по ред ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници.

Од Општината соопштија дека со изборот сакаат дополнително да ги мотивираат граѓаните, нивните дворови и куќи да заблескаат за време на претстојните празници.

Пријавувањето на празнично украсените дворови и куќи, граѓаните можат да го направат на шалтерот 1 во општина Бутел, на телефоните: 2616-868 и 2600-507 лок: 127, како и на меил адресата: portparol_butel@yahoo.com.

Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци (име и презиме), адреса и контакт телефон, најдоцна до 28 декември.

Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат соодветно наградени.

Наградите за најубаво „раскажаните“ новогодишни бајки со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 5 јануари. Наградите ќе ги врачи градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.