Македонија
10. October 2019 - 14:57

Општина Битола почнува со реконструкција на Офицерски Дом

Секторот за односи со јавност на Општина Битола соопшти дека градоначалничката Наташа Петровска во својот кабинет одржа состанок со претставници на изведувачите, надзорот, како и претставници на НУ Завод и Музеј-Битола за почеток на постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола.

Учесниците на состанокот потпишаа договор за почеток на реконструкцијата на Офицерскиот Дом и обнова на овој значаен културно историски објект за градот Битола и за државата, а потоа реализираа и посета на објектот, се наведува во соопштението од тамошната локална самоуправа.