Македонија
17. February 2016 - 15:24

Општина Битола ќе отвори Канцеларија за млади

Советот на млади на општина Битола во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе отворат Канцеларија за млади.

Според договорот на менаџерите на проектот Јасмина Тодоровска Митева, претставник на ОБСЕ и Гордана Цветковска Бошевска, претставник на општина Битола, проектните активности се со цел да се обезбедат ефикасни алатки за целосно учество на граѓаните во општествениот живот како и адресирање на младинските прашања.

- Во рамки на овааа активност, наскоро во Битола ќе биде отворена Канцеларија за млади која ќе биде целосно технички опремена и со тоа  ќе се придонесе да се зголемат капацитетите за активно учество во носењето одлуки како и ефективно претставување на младите во општината, истакна Гордана Цветковска Бошевска, претставник на општина Битола.

Соработката меѓу општина Битола и Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше официјализирана со Меморандум за соработка кој минатата година го потпишаа градоначалникот Владимир Талески и амбасадорката Нина Суомалаинен.